Англискиот фудбалски состав, Манчестер Јунајтед, сака да направи рекорден трансфер за да го ангажира, Џејдон Санчо, кој се издвојува како еден од најголемите фудбалски таленти на Англија.
Според медиумите на островот, „црвените ѓаволи“ решиле да го платат износот што го побара претходно Борусија Дортмунд. Од Германија беше објавено дека „милионерите“ поставиле цена од 100 милиони фунти за да го ослободат 19-годишниот Англичанец. Тоа значи дека добивката за Бундес-тимот ќе биде огромна бидејќи за него во 2017 година плати скромни 8 милиони фунти.
Младиот фудбалер има постигнато 18 голови и направено 30 асистенции на вкупно 68 натпревари одиграни во дресот на Борусија Дортмунд.

