Весникот – „Сан“ наведе неколку фудбалери што може да се преселат на стадионот – „Олд Трафорд“ по доаѓањето на новиот сопственик, Џим Ратклиф.
Во прв план се наметнува името на Франк Де Јонг, кој не ја добива вистинската минутажа во Барса. Тука се споменува и Гонсало Игнасио од Спортинг а се шпекулира и со името на Серж Гнабри кој ги брани боите на Баерн Минхен.
Весникот најавува дека менаџерот, Тен Хаг, планира да се ослободи од најмалку 7 играчи за да добие простор за летни засилувања.

