Манчестер Јунајтед ја разгледува можноста да го ангажира играчот од средниот ред на Пари Сен Жермен, Идиса Гај.
Медиумите во Франција тврдат дека фудбалерот може да го напушти Париз по само една сезона. 30-годишниот интернационалец од Сенегал има искуство од Премиер-лигата бидејќи една година го носеше дресот на Астон Вила додека три сезони играше за Евертон.
Фудбалерот кој дејствува во средниот ред и одигра 33 средби за ПСЖ, има постигнато еден гол и направено две асистенции.

