Фудбалерите на Манчестер Јунајтед вчера го совладаа Вулверхемптон со минимални 1-0 со што поставија рекорд во Премиер лигата.
Тоа беше 28. натпревар во серија на гостински терен на кој Јунајтед остана непоразен. Тој податок ќе биде запишан во историјата на англискиот фудбал бидејќи ниту еден тим нема таков ефект.
Избраниците на Оле ГУнарс Солскјер последен пат загубија на 19 јануари во 2020 година од Ливерпул на „Енфилд“.