Медиумите во Англија шпекулираат дека челниците на Манчестер Јунајтед сакаат да го ангажираат тренерот на фудбалерите на Тотенхем, Маурисио Почетино. Наводно, тие се подготвени да платат на име на отштета околу 34 милиони евра.
Како што пренесува –„Evening Standard“, првите луѓе од „Олд Трафорд“ размислуваат за две опции. Првата е да го задржат Солскјер кој има одлични резултати со исклучот на мечот во ЛШ против ПСЖ и втората која е многу пореална, да направат напор да го ангажираат Почетино.
Во комбинација се споменува и името на Французинот, Зинедин Зидан, кој по трите титули во серија со Реал Мадрид во Лигата на шампионите, се определи да го напушти тимот и речиси една сезона е без ангажман.