Фудбалерот на Вест Хем, Марко Арнаутович, може да добие понуда од Манчестер Јунајтед тврди – „Манчестер Ивнинг Њуз“.
Наводно, португалскиот тренер, Жозе Мурињо, сака да го привлече австрискиот интернационалец на – „Олд Трафорд“. Двајцата се познаваат одлично од периодот кој го поминаа во Интер кога австрискиот голгетер допрва требаше да се изгради како играч.
Се тврди дека „чеканите“ сакаат 50 милиони фунти за Арнаутович кој во последнта сезона во Премиер лигата имаше 11 гола и 6 асистенции.