Манчестер Јунајтед ќе и го понуди Алексис Санчез на Борусија (Дортмунд) како дел од евентуалниот трансфер на Џејдон Санчо.
Чилеанскиот фудбалер моментално е на позајмица во Интер, но, ќе се врати на „Олд Трафорд“ на крајот на сезоната. Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солскјаер, нема намера да го користи напаѓачот а клубот не сака да ја покрива неговата огромна плата од 500.000 фунти неделно.
Англичаните сакаат да дојдат до потписот на Санчо кој има договор со !милионерите„ за уште две години. Неговата трансферна вредност е околу 100 милиони евра.