Младиот фудбалер на Јувентус, Паоло Дибала, јасно ставил до знаење дека сака да остане во редовите на италијанскиот тим откако побарал преголема плата од Манчестер Јунајтед со што практично ги откажал Англичаните да преговараат за негов ангажман.
Италијанските медиуми тврдеа дека тој не е заинтересиран за трансфер и дека клубот инсистира на такво нешто по што Дибала одлучил да му ја отежне работата на Јувентус и побарал плата која англискиот клуб не сакал да ја прифати.
Според најавите, Дибала во текот на денов заедно со соиграчите ќе тренира под диригентската палка на новиот тренер, Маурицио Сари.

