Дефанзивците на Манчестер Јунајтед, Лук Шо и Хари Мегваер, ги продолжија тренинзите со тимот.
Мегваер нема играно од 12 декември кога заработи повреда против Баерн Минхен во ЛШ. Шо пак, се повреди на средбата со Вест Хем пред Божиќ. „Црвените ѓаволи“ денеска ги продолжија тренинзите по кратката пауза. Тимот се подготвува за натпреварот од четвртото коло на ФА Купот против Њупорт Каунти в недела.
Ентони Марсијал, Тајрел Маласија, Виктор Линделоф и Мејсон Маунт остануваат на списокот на повредени.

