Манчестер Јунајтед постигна договор за личните услови со Нусаир Мазрауи, пренесува италијанскиот новинар Фабрицио Романо.
„Црвените ѓаволи“ се договориле и со неговиот клуб Баерн (Минхен). Целиот трансфер ќе биде 21 милион евра.
Сепак, Вест Хем продолжува да држи своевиден „клуч“ за трансферот на Мазрауи на „Олд Трафорд“, бидејќи тие, мора да постигнат договор за личните услови на Арон Ван-Бисака чие заминување ќе обезбеди средства и ќе ослободи простор за да биде доведен Мазрауи.

