Челниците на Ливерпул ќе понудат околу 50 милиони евра за да го купат фудбалерот на РБ Лајпциг, Дани Олмо.
Шпанецот бара да добие поголема плата но, германскиот тим не е расположен да му ги исполни барањата. Затоа се претпоставува дека одличниот фудбалер ќе прифати да ја промени средината.
За Олмо е заинтересирана и Барселона но, Каталонците имаат големи финансиски проблеми и не може да ги подмират трошоците за евентуален трансфер.