Ливерпул утре ќе го пречека Баерн Минхен во првиот меч од 1/8 финалето во Лигата на фудбалските шампиони. Пред мечот во Англија, тренерите на двата тима имаат проблеми со суспендирани и повредени фудбалери.
Домашниот стрaтег, Јирген Клоп, не може да ги користи услугите на казнетиот Вирџил ван Дајк и повредените Гомез и Алекс Окслејд – Чемберлен додека под знак прашалник се хрватскиот репрезентативец, Дејан Ловрен и интернационалецот од Швајцарија, Џердан Шахири.
Што се однесува, пак, до германскиот состав , еден од креативците на играта, Томас Милер, поради црвениот картон заработен на мечот со Ајакс нема да се појави на стадионот – „Енфилд“ додека Корентин Толисо е на листата на повредени. Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач, во последен миг ќе реши дали ќе му даде шанса на рековалесцентниот, Кингсли Коман.