Англиските фудбалски состави Ливерпул и Челзи, ќе се обидат да го ангажираат напаѓачот на италијанскиот Лацио, Чиро имобиле, објавија дел од медиумите на „Чизмата“.
Италијанските медиуми додадоа дека претставниците на Ливерпул ќе го следат италијанскиот напаѓач на мечот со Наполи кој ќе се одигра во текот на викендот. Тимот на Јирген Клоп доколку сака да го ангажира Имобиле ќе мора да ја издржи трката со Челзи кој најави офанзива за потписот на искусниот голгетер.
28-годишниот Имобиле стана главен играч на лацијалите во последните неколку сезони откако на 112 натпревари успеа да постигне 80 голови.