Фудбалерот на Челзи, Мејсон Маунт, може да добие понуда да се пресели во Ливерпул или во Јувентус доколку не го продолжи договорот со „сините“ кој му истекува за 18 месеци.
23-годишниот играч подолг период е во преговори со раководството на лондончани но, досега нема ништо конкретно.
Сопствениците на Челзи не сакаат да останат без услугите на Маунт кој е еден од најслабо платените играчи во првиот тим.