Ливерпул вчера успеа да слави на теренот на Бенфика со 3 спрема 1 во првиот меч од четврт-финалето во Лигата на шампионите.
Токму со тој резултат „црвените“ се запишаа на листата на екипи кои имаат постигнато најмалку два гола на секој гостински меч во елитата на Европа во една сезона.
Претходно, Ливерпул во групната фаза ги победи Милан (2:1) Атлетико Мадрид (3:2) и Порто (5:1) додека во првиот натпревар од 1/8 плеј-офот Интер беше поразен во Милано (2:0).