Репрезентативецот на Швајцарија, Џердан Шаќири, кој настапува за англискиот Стоук, веднаш по фудбалскиот Мундијал во Русија може да направи голем трансфер.
Наводно, тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, изјавил дека сака да го ангажира брзоногиот напаѓач кој пружа одлични игри на собирот во Русија. Шакири пред да заигра за Стоук, ги бранеше боите на Базел, Баерн Минхен и Интер.
Тој за Швајцарија има одиграно 72-два меча и постигнато 21 гол. Според медиумите, трансферот може да се реализира без проблеми бидејќи неговиот тим не успеа да обезбеди опстанок во Премиер лигата.