Ливерпул е блиску до привлекување на крилниот напаѓач на Порто, Луис Дијаз.
Колумбискиот фудбалски репрезентативец ќе престојува во Аргентина за наредниот меч од квалификациите за Светското првенство. Затоа „црвените“ испратија таму делегација да ги изврши лекарски прегледи.
Фактот дека Дијаз е во Јужна Америка, му создава логистички проблеми на Ливерпул кој треба да се справи со нив до затворање на преодниот рок в понеделник.