Англискиот фудбалски вице-првак, Ливерпул, го претстави новиот дрес кој ќе се користи само на гостувањата.
Маичките се бели, шорцевите се темно сини а чорапите се комбинација со бела и темно сина боја. Идејата за дизајнот на дресот доаѓа од симболиката на уличните знаци на стадионот во Мерсисајд – популарниот – „Енфилд“, велат луѓето од Ливерпул.
Секој производ вклучува потпис на легендарниот менаџер на тимот, Боб Пајсли, кој беше дел од првите триумфи во Купот на европските шампиони во 1977, 1978 и 1981 година.