Англискиот фудбалски состав, Ливерпул, може со слободен трансфер да го ангажира играчот на ПСЖ, Адриен Рабиол.
23-годишниот фудбалер ги отфрли сите понуди за потпишување нов договор со парижаните со што се создаде голема веројатност дека ќе ги напуштина крајот на сезоната. Членот на ПСЖ ќе може во јануари да преговара и со други тимови и во текот на летото да направи слободен трансфер.
Во меѓувреме тренерот на англичаните, Јирген Клоп, ќе направи се да го убеди Рабио да му се приклучи на „Енфилд“. Самиот фудбалер во едно интервју потврди дека има огромна желба да заигра во Англија и дека од мали нозе навива за Ливерпул.