Светската фудбалска организација (ФИФА) го објави распоредот по кој ќе се реализираат мечевите на претстојното Светското клупско првенство.
Европскиот шампион Ливерпул во неговиот дел од шемата ќе стартува од полу-финалето. Претходно во неговиот дел ќе играат домаќинот Ал Сад и шампионот на Океанија, Хен Ген. Победникот од тој меч во 1 / 4 финалето ќе игра со мексиканскиот Монтереј.
Од другата страна на ждребот освојувачот на Копа Либертадорес ќе игра директно во полу-финалето и тоа со победникот од мечот меѓу шампионот на Азија и африканската екипа Есперанса Тунис.Значајниот фудбалски собир во Катар ќе се реализира од 11 до 22 декември .