Челниците на фудбалскиот состав Ливерпул објавија профит од рекордни 533 милиони фунти за сезоната 2018/2019 кога беше освоен трофејот во Лигата на шампионите и обезбедено второто место во Премиер лигата.
Тоа значи дека „црвените“ го зголемиле профитот за околу 80 милиони во однос на претходната година. Ќе потсетиме дека екипата од – „Енфилд Роуд“, потроши рекордни 223 милиони фунти за ангажирање на нови фудбалери и продолжување на договорите со поголем дел од ѕвездите на тимот.
Клубот исто така инвестирал значајна сума од 50 милиони фунти во новата база за тренинг.