Германскиот стратег на клупата на Ливерпул, Јирген Клоп, посочи дека неговите избраници одиграле одличен меч и сосема заслужено победиле на вчерашното гостување кај Манчестер Јунајтед.
„Одличен натпревар, добра и напната игра, такви треба да бидат дерби-дуелите. Ова е моја прва победа на „Олд Трафорд“, која дојде во вистинско време. Ни требаше победата и ја заслуживме“ – вели Клоп.
„Откако ја презедовме контролата на играта се беше полесно. Многу работи беа на наша страна. Успеавме да го запреме Бруно Фернандес и да го постигнеме четвртиот гол“ – искоментира Клоп по победата против „црвените ѓаволи“.

