Ливерпул е фаворит за потпис на репрезентативецот на Англија Џуд Белингем, објави весникот „Билд“
. 19-годишниот фудбалер од средниот ред на Борусија Дортмунд и неговото семејство, исто така претпочитаат трансфер на стадионот – „Енфилд“. Германскиот состав за слободата на Белингем ќе бара околу 150 милиони евра.
Иако имаше најави дека младиот играч може да замине во Реал Мадрид, сепак „црвените“ се многу блиску да го убедат да се пресели во Англија.