Рускиот вицешампион ЦСКА ќе го смени стадионот на кој ќе ги игра натпреварите од новата сезона во Лигата на шампионите, затоа што нивниот им е претесен да ги прими сите навивачи. Ова го најави генералниот директор на клубот, Роман Бабаев.
Досега ЦСКА (М) беше домаќин на стадионот „ВЕБ Арена“, која очигледно не е со потребниот капацитет да ги прими сите фанови на ЦСКА кои сакаат да ги гледаат мечевите од Лигата на шампиони. Оваа сезона вицешампионите сакаат да го користат стадинот на кој се играше финалето на годинешното СП.
„Чекаме конечна одлука на УЕФА, но не мислам дека ќе има потешкотии. Ние ја анализиравме ситуацијата многу долго пред да ја преземеме оваа несигурна одлука“, вели Бабаев.
ЦСКА Москва во групната фаза од Лигата на шампионите ќе игра против Реал (М), Рома и Викторија Плзен.