Македонскиот олимписки комитет потврди дека Ана Цветановска поради ситуацијата со Ковид-19 нема да настапи во дисциплината скијатлон во нордиско трчање на Игрите во Пекинг.
„Заради моменталната ситуација со КОВИД-19 и големиот број на пријавени натпреварувачи на утрешната трка (жени) на 7,5+7,5 км – Скијатлон, ФИС донесе одлука дека само лимитиран број на спортисти ќе може да настапат на утрешната трка. За жал, заради исполнетоста на квотите од страна на подобро пласираните, , Ана Цветановска нема да може да настапи“ – соопштија од МОК.
Ставре Јада на 8 февруари ќе има активности во крос-кантри и спринт слободно 1.5 километар додека на 50 километри слободно ќе настапи на 19 февруари. Знаменоносецот Дардан Дехари, во алпско скијање ќе настапи во слалом на 13 февруари и на 16 февруари во велеслалом.