Македонската одбојкарска репрезентација денес го игра вториот натпревар од групата Ц во Словенија на ЕП кое започна вчера.
По стартниот пораз од Финска со 3:1, сега мислите на нашите одбојкари се кон Турција и мечот кој го играат денес од 17.30 часот, а време за тагување по првиот пораз нема затоа што денес веќе ги чека нов предизвик во Љубљана.
Македонија играше добро во поголемиот дел од натпеварот со Финска, но во неколку клучни моменти не одиграат како што треба, направија неколку грешки кои ги ченеше пораз на оваа средба. Токму тие грешки треба да се исправат на денешниот натпревар доколку сакаме да дојдеме до првата победа на ова ЕП.
Селекцијата на Турција покажа дека има квалитет, самиот факт што успеа да освои сет против силната репрезентација на Русија говори дека не чекува силен противник и тежок натпревар. Сепак нашите одбојкари не планираат да се предаваат пред натпреварот, напротив ќе дадат се од себе за да дојдат до првата победа на Европското првенство.
Натпреварот Македонија – Турција се игра денес од 17.30 во Љубљана, а во 20.30 ќе играат Белорусија и Русија, додека Словенија и Финска ќе играаат утре.