Напаѓачот Хесе Родригез е меѓу играчите на ПСЖ кои станаа шампиони во сезоната 2019/20, пренесува весникот „АС“.
27-годишниот Шпанец одигра само една минута на мечот со Мец кој се одигра на 30 август минатата година и тоа влезе во игра на местото на Чупо-Мотинг во 90 минута, а потоа се пресели со позајмица во Спортинг Лисабон. Сепак, тој ќе добие златен медал за освоената шампионска титула на ПСЖ за оваа сезона во Франција.
Парижаните беа прогласени за шампиони, откако властите во земјата решија да ги прекинат сите спортски натпревари на територијата на земјата.