Бразилскиот дефанзивец на Интер, Далберт, ќе игра во Франција од наредната сезона. Фудбалерот на “нероазурите” ќе го засили тимот на Монако откако не успеа да се пробие во првиот состав на Лучијано Спалети.
Раководствата на двата тима ја разгледале и опцијата Бразилецот да настапи и како позајмен фудбалер. Монако ќе му плати 3 милиони евра на гигантот од Милано а во договорот ќе има и додадена клаузула од 24 милиони која Французите ќе можат да ја активираат по крајот на сезоната, тврди – „Sky“.
Далберт изразил согласност за таков трансфер откако разговарал и со тренерот, Лучијано Спалети.