Каталонскиот тим Барселона има намера да го засили составот со напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез. 22-годишниот Аргентинец е главната мета на Барселона во следниот преоден рок.
Интер не сака да го продаде Мартинез, но од друга страна знае дека играчот можеби ќе сака да си замине. Според „Газета дело Спорт“, во Интер се разгледуваат неколку опции, од кои едната е напаѓачот на Барселона, Антоан Гризман.
Сумата која стои во договорот на Мартинез се 111 милиони евра, додека кај Гризман е 120 милиони евра. Интер сè уште не им понудил на Каталонците да разменуваат фудбалери. Клубот од Милано сака Барселона да ги започне преговорите. Претходно, „Марка“ објави дека Барса не е расположена да се раздели со Гризман.