Се појавила напнатост меѓу тренерот на францускиот ПСЖ, Луис Енрике и дел од играчите на клубот во соблекувалната. Ова го објави „RMC Sport“ на својата страница на социјалната мрежа X.
Неколку играчи на ПСЖ не го разбираат изборот на главниот тренер за почетниот состав за натпреварите и сметаат дека некои негови одлуки се крајно неправедни. Непознати се имињата на играчите кои се незадоволни од Луис Енрике.
Во моментов ПСЖ е на првото место во француската Лига 1. Тимот на Енрике на 13 натпревари освои 33 поени без да претрпи ниту еден пораз.
Во Лигата на шампионите ситуацијата е многу полоша. Парискиот клуб има само една победа во пет натпревари и се наоѓа на 25. место.

