ПСЖ ги отстранил сите производи од својата официјална продавница кои се некако поврзани со напаѓачот Нејмар. Според извештаите на медиумите, ова се должи на фактот дека бразилскиот фудбалер е во контакт со Барселона и Реал Мадрид во врска со евентуалното заминување во една од овие две екипи.
Да потсетиме дека трансфер периодот во Шпанија и Франција е отворен до 2 септември. Претходно во медиумите беше објавено дека Барселона одлучи да ги прекине преговорите со ПСЖ за трансферот на напаѓачот Нејмар. Раководството на каталонскиот клуб е незадоволно од грубиот начин на преговори од ПСЖ.
Шпанскиот клуб нема да го вклучи дефанзивецот Нелсон Семедо во договорот, бидејќи ПСЖ не ја цени вредноста на португалскиот репрезентативец. Минатата сезона напаѓачот постигна 23 голови и додаде 13 асистенции на 28 натпревари од сите натпреваривања на клупско ниво. Договорот на Нејмар со ПСЖ е до 30 јуни 2022 година.