Селекторот на фудбалерите на Хрватска, Златко Далиќ, ќе мора да направи принудна замена во првата постава откако бекот Соса неколку дена има покачена телесна температура и нема да може да игра денеска против Јапонија.
„Нема да ставаме играч кој не е подготвен. Потребни се играчи кои можат да истрчаат километри како против Белгија и Канада“ – вели селекторот на „коцкестите“.
„Ако Соса не може, тука е Борна Баришиќ кој може достојно да го замени“- – изјавил Далиќ за „ХРТ“.