Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ, беше презадоволен од победата со 3:0 над Аргентина, со која неговата селекција обезбеди осминафинале на Светското првенство. Тој ги повика своите играчи да не запаѓаат во еуфорија од победата.
„Многу сме среќни. Успеавме да ја победиме големата Аргентина со најдобриот играч во светот во лицето на Меси. Сепак нема причина да бидеме еуфорични. Треба да останеме смирени, уверени и со тимски дух. Никој не е посреќен од мене од оваа победа, но сега треба да се остане смирен и да останаме долу на земја“, вели Далиќ.