Селекторот на Хрватска Златко Далиќ демонстрираше висока самодоверба, откако неговиот тим забележа третата последователна победа и заврши како победник во група „Д“ на Мундијалот. Иако со 9 резерви, хрватите го совладаа Исланд со 2:1, што во голема мера го израдува селекторот.
„Еве, видовте со каков тим располагаме. Со 9 не носители и покрај се победивме многу добар тим каков што е Исланд. 3 победи и 7:1 гол разлика, што повеќе можеме да бараме во оваа фаза?
Да, сепак ова не беше најдоброто на што сме способни, но во тешка група како нашата, ние сме први пред Аргентина. Дали мислите дека некој ќе ни суди? И денес не бевме совршени, но најважно е што с епласиравме понатаму. Некој сега може да каже дека сме помогнале на Аргентина, но вистината е друга. Тие сами си помогнаа, а ние само си ја завршивме нашата работа”, изјави Далиќ.