Хрватите победија против Нигерија, но во репрезентацијата никако не може да престанат скандалите. Утрово хрватските медуми објавија дека селекторот Златко Далиќ го избркал од репрезентацијата Никола Калиниќ, кој наводно одбил да влезе во игра во финишот на мечот со Нигерија.
Според некои хрватски портали, Калиниќ е континуирано незадоволен од својот статус во репрезентацијата, па веќе подолго време не е во најдобар однос со селекторот. Друг извор, пак, вели дека точно е дека Калиниќ одбил да влезе во игра против Нигерија, но не затоа што не сакал, туку затоа што имал големи болки во грбот. Што од ова е вистина ќе слушнеме на денешниот прес, кој Далиќ го закажал во Русија.