Селекторот на фудбалерите на Хрватска, Златко Далиќ, откри дека пред Мундијалот во Русија или поточно за време на турнејата во Америка, дел од луѓето во федерацијата блиски до претседателот, Шукер, се обиделе да го натераат да даде оставка.
Далиќ кој со „коцкестите“ постигна историски успех играјќи во големото финале на Светското првенство, потенцира дека по пристигнувањето од Америка бил цврсто решен да си замине од селекцијата, но, сега размислува дали да остане на таа одлука.
„Сега сум пред тешка одлука, мене парите не ме интересираат. Заработив доволно а јас и моето семејство сме скромни луѓе“ – потенцирал Далиќ.