Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ, очекува поддршка од руските фанови на утрешниот полуфинален меч со Англија. Со оглед на последните испади во јавноста на Вида и Вукојевиќ, малкумина веруваат дека Русите ќе навиваат за „коцкестите“.
„Благодарен сум за сето она што го доживеавме овде. Насекаде сме добредојдени. Се разбира, ја чекаме поддршката на навивачите. Секогаш ќе се сеќаваме на овие неколку недели во Русија“, вели Далиќ.
ФИФА во меѓувреме отвори нова истрага за дефанзивецот Домагој Вида, по неговите последни изјави на социјалните мрежи.