Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ, по поразот од Франција во финалето на Мундијалот во Русија, изјави дека сегашнава генерација не смее да биде тажна бидејќи одигра одлично и го надмина успехот на генерацијата од 1998 година.
„Mора да бидеме горди на тоа како игравме и колку бевме достоинствени.Модриќ ја заслужи наградата за најдобар играч, голем успех е среброто. Нема причини за тага туку само за – среќа“ – изјави Далиќ.
„ Жал ми е што не сме светски прваци бидејќи играчите заслужија такво нешто. Мора да бидеме среќни. Освоивме три трофеи. Тој на Лука, среброто и – навивачите!. Денови беше гордост да си Хрват“ потенцираше Далиќ.