Селекторот на фудбалерите на Хрватска, Златко Далиќ, потенцира дека неговите избраници одиграле слаб меч и дека заслужено се совладани на гостувањето во Словенија на стартот на квалифкациите за пласман на Мундијалот во Катар.
„По примениот гол не бевме на нивото на кое требаше да бидеме. Денеска не заслуживме ништо повеќе освен пораз. Словенија беше одлична“ – потенцираше кормиларот на „коцкестите“.
Мечот одигран во Љубљана беше решен со голот на Ловрич во 15 минута. Хрватска во 2 коло на 27 март ќе му биде домаќин на Кипар.