Еден од најдобрите играчи на МЗТ Скопје, Дамјан Стојановски, е прогласен за најкорисен кошаркар во 3 коло во регионалната АБА 2 лига.
Тој на мечот со Рогашка одигран во Скопје, забележа 18 кошеви, две асистенции и три украдени топки што беше доволно за 29 индексни поени и наградата за МВП на колото. Популарните „штркови“ досега сигурно чекорат во АБА 2 лига и со максимални три победи по исто толку кола се наоѓаат на чело на табелата.
Ќе потсетиме дека и во второто коло играчот со најмногу индексни поени беше од редовите на македонскиот шампион. Тогаш за најкорисен кошаркар беше избран Џабари Хинк.