Германскиот тим Баер Леверкузен наскоро ќе го претстави новиот тренер, а неговото име е Каспер Хјулманд, Наследникот на Ерик Тен Хаг е дански фудбалски тренер, а во Леверкузен пристигнува по една година помината без ангажман. Негова последна тренерска работа беше на клупата на данската репрезентација, која за четири години ја водеше на 52 натпревари.
Многу рано ја заврши својата играчка кариера поради повреди, па брзо се префрли на тренерската работа. Работел во Данска, со Лингби и Нордсјеланд, а со вториот клуб го освои данското првенство во 2012 година.
Кратко го водеше и германски Мајнц 05, но не остана долго. Најголемиот успех во кариерата го постигна како селектор на Данска, каде што ја презеде репрезентацијата во 2020 година и ја водеше до полуфиналето на Европското првенство во 2021 година, што беше еден од најдобрите резултати во историјата на данската репрезентација. Тој е познат по својот напаѓачки и модерен пристап кон фудбалот и неговиот акцент на тимскиот дух.

