Фудбалерот, Кристијан Ериксен, ќе ја продолжи кариерата во Манчестер Јунајтед и ќе потпише договор за три години, објави денеска – Би-Би-Си.
Данецот откако на 21 декември го раскина договорот со Интер бидејќи не успеа да добие лекарска дозвола да игра во Италија бидејќи има вграден дефибрилатор, се пресели во редовите на Брентфорд.
Тој иако имаше понуда и од Тотенхем се определи да потпише за тимот од – „Олд трафорд“. Искусниот фудбалер претходно ги бранеше боите на Интер, Тотенхем и Ајакс.

