Челниците на фудбалскиот состав Реал Сосиедад сакаат да го задржат играчот од средниот ред, Мартин Oдегар.
21-годишниот дански интернационалец во тековнава сезона настапува за тимот од „Антоанета“ како позајмен од Реал Мадрид. Тој до прекинот на шампионатот одигра 28 мечеви за Баскијците со ефект од 7 голови и 8 асистенции.
„Нема сомнеж дека Мартин игра многу значајна улога за нашиот тим. Знаеме дека се чувствува среќен во Реал Сосиедад и сака да остане. Тој набрзо ќе биде подготвен да го направи наредниот чекор во неговата кариера “ – рече тренерот на тимот, Иманол.