Ларс Валтер го напушти кормилото на ракометниот состав Еурофарм Пелистер откако тимот не успеа да влезе во разигрувањето во Лига Европа и доживеа два пораза на стартот на СЕХА лигата.
-Иако имаше потпишано соработка до јуни во 2024 година, данскиот стручњак се согласи за разделба со нашиот клуб, како последица на лошите резултати во Европа. Клубот е горд на изборот и соработката со врвен професионалец и ракометна личност како Ларс Валтер. Целосно сме благодарни на неговиот ангажман, пристап и работа“ – стои во објавата на Еурофарм Пелистер.
Додека да се определи нов тренер, екипата времено ќе ја води Божидар Мојсов.