Фудбалерот на Интер, Кристијан Ериксен, кој за 20 милиони евра го напушти Тотенхем и се пресели на „Чизмата“, вели дека направил одличен потег и дека промената на средина му била добредојдена.
„Трансферот ми изгледа како добар потег. Интер имаше желба да ме ангажира а на играчите секогаш им е значајно да знаат дека се посакувани. Навивачите на Тотенхем беа лути кога кажав дека полесно ќе освојам некој трофеј со Интер“ – вели Ериксен.
„Погледнете колку е силна конкуренцијата во Англија“ – изјави Данецот кој со неговиот тим до прекинот на сезоната во Серија „А“ беше во изедначена трка за титулата со Јувентус и Лацио.

