Бразилскиот фудбалски ветеран, Дани Алвеш изјави дека се уште нема намера да ја заврши својата играчка кариера.
„Не сакам да размислувам за иднината бидејќи е невозможно да се предвиди. Нека животот си оди по својот тек. Ако Меси ме стигне по бројот на освоени трофеи, ќе играм до 50 години“, изјави 39-годишниот Бразилец кој настапува за мексиканскиот клуб Пумас.