Дефанзивецот на ПСЖ и на бразилската фудбалска репрезентација, Дани Алвеш, и натаму се опоравува по операцијата на десното колено, но според лекарските прогнози тој во ноември би требало да почне со први тренинзи.
35-годишниот дефанзивец полека се чувствува подготвен за први полесни тренинзи, а од ноември ќе може да работи со полна сила. Алвеш имаше сериозна повреда на предниот вкрстен лигамент поради што мораше во јуни да оди на операција.