Фудбалерот на Реал Мадрид, Дани Карвахал, е се поблиску до враќање во игра. Бекот на Реал доживеа сериозна повреда на почетокот на сезоната откако ги скина вкрстените лигаменти и беше подложен на операција.
Карвахал е отсутен 300 дена, пропуштајќи 53 натпревари на Реал Мадрид оваа сезона.
Сепак, кошмарот за Карвахал се ближи кон крајот. Веќе неколку дена, дефанзивецот е во тренинг базата на клубот и што е уште поважно, тренира со топка. Секако, во моментов обемот на работа во неговите активности е лесен, но постепено ќе се зголемува.
Тој самиот објави дека негова цел е да биде подготвен за учество на Светското клупско првенство.

