Шпанија ќе остане без една од своите ѕвезди против Швајцарија во Лигата на нации. Тренерот на репрезентацијата на Шпанија, Луис де ла Фуенте објави дека Дани Олмо има модринка и тешко дека ќе биде подготвен за мечот во Женева.
Офанзивниот играч за врска се повреди пред неколку дена на дуелот против Србија. Тој го удри коленото во коленото на Никола Миленковиќ.
Летото, Дани Олмо го смени РБ Лајпциг со Барселона. Тој постигна два гола во неговите први два натпревари за неговата нова екипа.

