Играчот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо, ќе биде надвор од терените две до три недели поради повреда, потврди каталонскиот клуб.
Проблемите на Олмо започнаа за време на тренингот со шпанската репрезентација кога почувствува непријатност во листот. Последователните медицински прегледи во Барселона открија повреда на мускулот на левата нога.
Според првичните информации, закрепнувањето на Олмо ќе трае помеѓу две и три недели. Ова значи дека тој сигурно нема да биде достапен за средбите против Џирона во Ла Лига и Олимпијакос во Лигата на шампионите.
Неговото учество во големото дерби против Реал Мадрид на 26 октомври останува под знак прашалник и ќе зависи од темпото на неговото закрепнување.

